September 25, 2021 02:48
Македонија

Сведоштво на девојка чиј татко бил во модуларната болница: Сестра ми и татко ми не тврдат дека штекер е причината за пожарот

Тетовка чиј татко бил хоспитализиран во модуларната Ковид болница во Тетово ги обвинува медиумите дека не ја пренеле неговата изјава коректно, па се пренесе информација дека плменот избил од штекер во една од собите на болницата. Таа преку Фејсбук ја раскажа својата приказна бидејќи, како што вели, не сака дел од медиумите да ѝ ставаат зборови во уста.

„Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. Нo! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, сè што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи, пак напоменувам, не виделе! Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи, за жал, е факт, факт е дека моите, а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат, вели девојката.

Во продолжение интегрален текст од нејзиното обраќање до јавноста:

„Значи вака – ова е нашата приказна!!!

Прво, ОГРОМНА ама НАЈОГРОМНА благодарност за медицинскиот персонал во Модуларната болница во Тетово! Вложуваат натчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!

Дека пациентите во модуларна се со придружба поради недостиг на персонал е точно, да, но сфатете дека бројот на хоспитализирани во Тетово е ОГРОМЕН! Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави сè што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака! Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од ПЕРСОНАЛОТ!

Се покајав што воопшто давав изјави за медиуми, бидејќи дел од нив од ваква трагедија сакаат да направат сензација (секоја чест за исклучоците, а ги има) и не почитуваат никаков етички кодекс. Ве молам не ни ставајте зборови во уста!

Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, сè што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи пак напоменувам НЕ ВИДЕЛЕ!

Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека моите а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.

А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам НИКОЈ не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.

ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност“, пишува девојката.

Поврзани вести

Починаа 12 лица, 525 нови случаи на Ковид-19

Igor

Маричиќ: Будимпешта не планира да го екстрадира Груевски

Igor

Градоначалникот на Петровец и уште пет лица испрале над половина милион евра од општинатa

Igor

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE

4Anime: Idol Time PriPara anime episode 51 online free at https://4anime.biz tower of god 4anime

Website https://animetv.cc: Watch HenSemi animetv Episode 2 anime tv all free

Watch Mobile Suit Gundam SEED Special Edition Episode 3

App roll20: https://app.roll20.net/users/9451130/gogoanimebe

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animeflixnl