Македонија

Сајкоски: Немам прочитано дека Делчев нешто направил за бугарската држава, тој умре за самостојна и независна Македонија 

Интегрален текст од прес конференција на Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава. Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години.

Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија.

Мислам дека властите во Македонија многупати не излажаа во однос на влез во ЕУ, и она што ние сега го имаме како информација и од она што се преговара од страна на македонската и бугарската страна немаме детали за преговорите, ни некој не извести за она што тие преговараат и што сакаат да договорат.

Она ние што порачуваме е дека заеднички мора сите да влеземе во ЕУ и да бидеме дел од европското семејство. Но и вразумување од страна на Бугарија, меѓутоа и ангажман на македонските власти. За  да бидеме дел од европското семејство треба да ги подобриме и законите, меѓутоа и да направиме се што се однесува на регулатива, што се однесува на безбедност, што се однесува на криминал и корупција и на таков начин најбрзо можеме да стигнеме до европското семејство.

KissAnime kissanime fire force: One Punch Man (https://kissanimeonline.com/m/jDy) Episode 12

GoGoAnime watch anime dub: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25