April 21, 2021 00:34
Македонија

Сајкоски: Власта ги загрози животите на граѓаните со ненабавката на вакцини, потребна е одговорност

Срамно и жално, но пострашно е што станавме потсмев и на домашната и на меѓународната јавност и треба да има одговорност за загрозување на животите на граѓаните,  вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на ненабавката на вакцини од страна на власта и вратениот аванс за вакцините од Кина.

Сајкоски потенцираше дека целиот регион се вакцинира, па дури и Бангладеш има 2 до 3 милиони вакцини, а кај нас само убедувања дека вакцините само што не пристигнале, иако прашање е дали до крај на годината ќе се набават.

– Голем дел од државите се борат и набавуваат вакцини, кај нас до ден денеска и покрај убедувањата на Филипче дека имаме обезбедено вакцини, дека готово само што не пристигнале и дека ќе дојдеа јануари, февруари, март, ќе помине годината, а ќе немаме ниту една вакцина. Навистина за ова треба да има одговорност бидејќи е загрозен животот на граѓаните на Македонија  на ваков начин и негрижа, истакна Сајкоски

AnimeDao sword art online animedao: Watch Attack on Titan Episode 22 (https://animedao.nl/m/BP/ep-22)

ANIMEFLIX animeflix haikyuu: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 4