January 21, 2022 19:11
Македонија

Сашо Орданоски: Димитар Ковачевски не треба да се потценува

На вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ во кое се говореше за зголемувањето на владиното мнозинство, изборот на нов мандатар и развојот на државните процеси во следниот период, новинарот и политички аналитичар Сашо Орданоски се осврна и на оставката на актуелниот претседател на Владата и изборот на негов евентуален заменик.

Тој истакна дека анализите за тоа дали премиерот на државата требало да даде оставка се веќе зад нас, со оглед на фактичката ситуација во која тој си заминува од кормилото на партијата.

„Зоран Заев сепак направи еден исчекор во смисла на изборот на нов претседател на партијата, што покажува демократски капацитет, а она што се очекува е шанса на СДСМ да се јават повеќе луѓе кои ќе покажат амбиција. Ветерот во грб кој го доби Димитар Ковачевски секако не е за потценување, а за партиите е добро да внесат еден таков тон, не само демократски затоа што би се развила некаква дебата, туку и заради тоа што во политиката не се оди секогаш само на директна добивка и само со калкулација“, рече тој.

Орданоски додаде дека конкретно за оваа постава, станува збор за помлади политичари кои и покрај досегашниот стаж, можеби се проектираат себеси во политиката и во иднина, на подолг временски период. Во однос на најавите за новиот наследник на лидерската позиција во СДСМ, Орданоски изјави дека би било погрешно да се потценува Ковачевски.

„Без разлика што е тој извесно изненадување, Ковачевски не треба да се потценува, зашто во Македонија и Груевски и Заев се потценуваа, како и повеќе други политичари, но во политика се гледа колку се квалитетни самите политичари по преземањето на функцијата за која се назначени“, заврши тој.

gogoanime1. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanime My Hero Academia Season 5 (Dub)

GoGoAnime Bleach Episode 358

GoGoAnime DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 19

GoGoAnime Attack on Titan Final Season (Dub)

gogoanimeio Attack on Titan Final Season