April 15, 2021 10:39
Спорт

Саудиски принц купува француски фудбалски клуб

Саудискиот принц Абдула бин Салман бин Абдулазис Ал Сауд, кој е сопственик на англискиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, потврди денеска дека ќе го преземе управувањето со францускиот фудбалски второлигаш Шатеру.

Ал Сауд истакна дека му дал одобрување на директорот на својата компанија „Јунајтед Ворлд” да склучи купопродажен договор со раководството на Шатеру, додавајќи оти неговата цел е да го внесе клубот во првата лига.

– Нашиот проект не е да купуваме третолигашки екипи, ние купуваме во првата лига. Шефилд јунајтед тогаш беше исклучок, а сега Шатеру е исклучок. Знаеме дека постои можност Шатеру сезонава да испадне во третата лига, но свесни сме, исто така, дека можеме брзо да се закрепнеме и за неколку години да играме во најсилната француска лига, изјави саудискиот принц, чие богатство се проценува на 200 милиони евра.