November 19, 2019 22:33
Свет

Саудиска Арабија одобри влез на нови трупи од САД

Саудиска Арабија одобри САД да испратат дополнителни трупи и опрема во кралството по минатомесечниот напад врз саудиските нафтени објекти.

САД претходно објавија дека ќе испратат уште 3.000 војници во Саудиска Арабија, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Саудијците му рекле дека ќе платат за ангажманот на американските сили.

Не се прецизира на кој род припаѓаат војниците кои ќе ги испрати САД, но локалните медиуми известуваат дека саудискиот крал и престолонаследник донеле одлука да го одобрат пристигнувањето на дополнителни американски сили во контекст на „историските односи и одличната соработка” меѓу двете држави.

Нови вести

Шаленберг: ЕК има одлучувачка улога во дебатата за проширувањето

Filip

Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за 552.500 евра

Filip

Венеција: Милиони евра за реставрација на базиликата Свети Марко по поплавата

Filip