October 15, 2019 11:08
Спорт

Сари се разболе, нема да ја предводи „старата дама“

Маурицио Сари се разболе и в сабота најверојатно нема да има деби на клупата кај италјанскиот фудбалски првак Јувентус на дуелот од Серија А со Парма. Новиот стратег на „старата дама“ Сари не се појави на вчерашниот тренинг. Заминал на дополнителни здравствени тестови кои покажале дека станува збор за пневмонија, а не само обичен вирус.

Сари изминатата недела не се чувствувал добро, но сметал дека станува збор за настинка, па не побарал веднаш за лекарска помош.

„Сари имаше дополнителни тестови од кои резултатите потврдија дека станува збор за пневмонија, поради што доби специфична терапија. Тренерот го овласти клубот да комуницира за неговата здравствена состојба“ се вели во соопштението од „старата дама“.

 

Нови вести

Со максимални единаесет победи Бразил го освои Светскиот куп

Igor

Шевченко: Го исполнив ветувањето дека Украина ќе оди на ЕП

zane

Роналдо го постигна 700. гол во кариерата

Igor