January 24, 2020 08:21
Свет

Санчез бара средба со Тора колку е можно поскоро

Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави денеска дека ќе се обиде да оствари средба со каталонскиот лидер Квим Тора колку е можно поскоро.

Санчез додаде дека се уште треба да се одлучи за датумот и времето кога ќе се одржи средбата.

На прес-конференцијата, Санчез истакна дека неговата Влада го одобрила зголемувањето на пензиите за 0,9 проценти оваа година, во обид да им обезбеди на пензионерите во Шпанија да не ја изгубат својата куповна моќ.

Санчез претходно најави дека целта на новата Влада ќе биде дијалог со сепаратистите во Каталонија, како и социјалните реформи и економскиот раст на земјата.

Нови вести

Денеска средба Меркел-Ердоган во Истанбул

Valentina

Хакерски напад врз грчки владини сајтови

Valentina

Дутерте се закани со откажување на гостопримството за американските војници

Valentina