November 26, 2022 13:08
Спорт

Сантош потајно се надева дека Македонија ќе му го ослени патот кон Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош по поразот од Србија во последните минути од последното коло во квалифиакциската група за пласман на СП-2022 и елиминацијата за директен пласман во Катар, кажа дека неговата селекција сигурно ќе патува на мундијалската завршница по разигрувањето. Расположението и самодовербата  му се разнишаа по денешната ждрепка за составот на квалифиакциските групи. Португалија се најде во Ц групата каде најпрво игра со Турција, а потоа со подбриот од Италија и Македонија.

-Далеку е натпреварот со Италија, а можеби и против Македонија. Нема никаква потреба да збориме за евентуално финале, бидејќи треба да ја поминеме Турција. Турците некогаш знаат да одиграат фантастично како тим, но некогаш знаат и да потфрла, изјави Сантош.