February 2, 2023 23:07
Спорт

Сантош ги послуша Португалците, Роналдо на клупа против Швајцарија

Кристијано Роналдо не е во стартниот состав на Португалија за осминафиналниот меч против Швајцарија.

На анкета во Португалија, повеќе од 70 отсто Португалци сметаа дека Кристијано Роналдо треба да седне на клупата за дуелот со Швајцарија.

Тоа и се случи, селекторот Фернандо Сантош реши да не го стави во стартниот состав, па Роналдо ќе чека шанса од клупата.

Кошта е на голот, Пепе и Диаш се во срцето на дефанзивата, Гереиро и Далот се бекови, Карваљо Отавио и Бернардо Силва се во средината, Жоао Феликс и Бруно Фернандеш ќе напаѓаат од страните, а Рамос е напаѓач.

Кај Швајцарија Зомер се враќа на голот, Шар и Акањи се централно во дефанзивата, Родригез и Фернандез се бекови, Фројлер и Џака се во средниот ред, пред нив е Соу, странични играчи се Шакири и Варгас, а најистурен во нападот е Емболо.