November 25, 2020 11:24
Хроника

Санкционирани 509 возачи во Скопје: 75 за пречекорена брзина, 66 технички неисправни возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.