January 21, 2021 04:57
Хроника

Санкционирани 326 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопјеизречени се вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 18 санкции, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.