October 29, 2020 00:06
Свет

Санкциите против „Спутник“ се прашање на одбрана на Европа

Шефот на естонската дипломатија, Урмас Рејнсалу, изјави дека санкциите на Естонија против „Спутник“ се прашање на одбрана на Европа.

„Естонија ја спроведува политиката на санкции на Европската Унија и таа не е насочена против ‘Спутник’ туку против директорот на меѓународната информативна агенција ‘Русија Севодња’, Дмитриј Кисељов“, појасни Рејнсалу.

„Тоа нема никаква прска со слободата на медиумите, туку со заштитата и одбраната на Европа, како и на европските слободи“, додаде тој.

Претходно, главната уредничка на „Спутник Естонија“, Елена Черишова, изјави дека смета оти притисокот на државата врз новинарите на таа агенција може да се смета за цензура. Редакцијата на новинската агенција „Русија севодња“ претходно ги повика сите меѓународни и европски организации да го искажат војот став по ова прашање и апелираше до ОН, ЕУ, ОБСЕ, Европскиот парламент и до Репортери без граници.