November 12, 2019 00:23
Магазин

„Самсунг“ ги советува потрошувачите редовно да ги скенираат своите уреди за вируси

Компанијата „Самсунг“ ги советува своите потрошувачи да водат грижа за своите најнови телевизори и редовно да ги скенираат за вируси.

„Самсунг“ на својот Твитер профил објави видео со инструкции за активација на скенирањето кое ги демонстрира чекорите со помош на далечинскиот управувач.

Компанијата им предлага на корисниците да ги скренираат своите елетронски уреди на неколку недели со цел да спречат вируси.

Овој предлог на „Самсунг“ предизвика чудење меѓу експертите за сајбер-безбедност кои велат дека потрошувачите не би минувале низ таа мака.

На прашањето дали постои конкретна закана поради која компанијата го објавила ова видео, „Самсунг“ одговараат дека го објавиле од едукативни причини.

Видеото имаше околу 200.000 прегледи, но сепак подоцна беше избришано.

„Нашата компанија безбедноста ја сфаќа многу сериозно. Ние сакаме да ги информираме нашите потрошувачи за потенцијалните закани, но и како може да се заштитат од нив,“ изјавија од „Самсунг“.

Нови вести

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Igor

Бил Гејтс признава дека задоцнил со Windows Mobile, оставајќи му го пазарот да го освои Android

Igor

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

zane