June 26, 2022 22:00
Спорт

Сампдорија и го нанесе четвртиот пораз на Фиорентина во последните пет меча

Фиорентина имаше одлични шанси за излез во Европа, но во последните пет натпревари доживеа дури четири порази. Последниот вечерва на гостувањето кај Сампдорија, и тоа убедлив со 4:1.

Алекс Ферари донесе водство, а Фабио Квалјарела зголеми на 2:0. Мортен Торсби и Абделхамед Сабири ја продолжија серијата и во второто полувреме, а почесниот погодок за Фиорентина го постигна Нико Гонзалез од пенал во 89.минута.