November 27, 2020 18:53
Македонија

Само 776 тестови на државна сметка, за останатите 1.125 граѓаните платиле 75.000 евра во приватните клиники

Според последната статистика на Министерството за здравство за состојбата со корона вирусот во последните 24 часа, само нешто над 40% од тестови се спроведени во дражавните лаборатории додека останатите над 1100 теста граѓаните си ги платиле сами во приватните болници, анализира Прес24.

Само 776 тестови од вкупно спроведени 1901 во изминатите 24 часа се направени на државна сметка. Само денеска, граѓаните кои не можеле да дојдат до државен тест, на приватните болници им платиле над 75.000 евра. Пресметките покажуваат дека од почетокот на кризата до денеска граѓаните за тестови на приватно потрошиле над 6 милиони евра.

Се повеќе граѓани се жалат дека не можат да добијат право да се тестираат поради што мора тестот да го платат приватно. Оние кои не можат да си го дозволат тоа се принудени да чекаат ред за државен тест во меѓувреме ризикувајќи влошување на состојбата која понекогаш може да има и смртни последници.