November 26, 2021 09:04
Свет

Само што излезе, Земан повторно вратен во болница – позитивен е на Ковид-19

Чешкиот претседател Милош Земан е позитивен на Ковид-19 и се враќа на болничко лекување, само неколку часа откако денеска беше пуштен од здравствената установа соопшти неговиот кабинет, потврдувајќи ги пишувањата на чешките медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Кабинетот соопшти и дека работните обврски на 77-годишниот чешки претседател ќе му бидат одложени додека се лекува од Ковид-19.

Земан утре требаше да именува нов премиер, по изборите во октомври.

Чешкиот претседател денеска беше пуштен од воената болница, каде што помина повеќе од шест недели, откако на 10 октомври итно беше пренесен на одделот за интензивна нега.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

The Boy Who Saw the Wind Episode Full

AnimeFLV: Sword Art Online Alternative: Gun Gale Online - Refrain (Dub) anime episode Full online free at https://animeflv.uk animes online

ANIMEFLIX: Strike the Blood: Kingdom of the Valkyria anime episode 2 online free at https://animeflix.nl animeflix inuyasha

Website https://kissanime.mx: Watch Queen Emeraldas kissanime Episode 4 one piece stampede kissanime

Animepahe Watch anime online, English anime online HD