February 25, 2021 08:31
Спорт

Само Меси има дадено повеќе голови од слободен удар од Барди!

Статистиката потврдува дека нашиот репрезентативец е веднаш зад аргентинскиот виртуоз.

Енис Барди вечерва уште еднаш потсети дека е одличен изведувач на слободни удар и погоди на гостувањето кај Валјадолид, во меч од Купот на Шпанија. Нашиот репрезентативец одлично го изведе слободниот удар и погоди за 1:1. Подоцна, Леванте стигна до победа од 4:2, а Барди играше до 55 минута.

Статистиката покажува дека откако Барди пристигна во шпанскиот фудбал (сезона 2017/18), нашиот репрезентативец е вториот најдобар реализатор од слободни удари. Денешниот гол беше вкупно седми погодок за Барди директно од слободен удар. Во Шпанија, единствено Лионел Меси е подобар реализатор од Барди во оваа категорија. Аргентинскиот виртуоз во овој период има постигнато 21 гол од слободен удар. Сите останати фудбалери кои се дел од шпанското првенство се зад Меси и Барди.

 

 

I'm standing on 1,000,000 lives. (https://gogoanime.be/m/nE1j) Episode 12 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime my hero academia

Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 6 (https://crunchyrollfree.com/m/gqMw/ep-6) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll++ android