January 29, 2023 13:48
Македонија

Сами побаравме да ни помогнат со корупцијата, вели Османи за посетата од американскиот тим за санкции

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека македонските власти самите побарале американска помош во борбата против корупцијата, откако беше објавено дека специјален тим за санкции од американското Министерство за правда пристигнал во земјава за да истражи наводи за корупција кај актуелни функционери.

„Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме на мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата“, вели шефот на дипломатијата. Но, околу на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер во која таа најави „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за „сеопфатен поглед на корупцијата во земјава“ и дека власттие „поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа“.

Американската амбасадорка вчера соопшти дека во земјава пристигнал американски тим за санкции со цел да утврди како стои работата со гонењето на корумпираните лица.

Во интервју за „Сител“, таа повтори дека корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.