October 23, 2020 05:21
Свет

Самит на лидерите на Европската Унија на 1 и 2 октомври

Лидерите на ЕУ 27 ќе се соберат на самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, беше потврдено во кабинетот на претседателот на Европскиот совет.

Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат добил негативен резултат на тестот на Ковид-19 и дека продолжува со подготовките за самитот на кој претседава.

Самитот на лидерите на ЕУ 27 првично беше планиран за 24 и 25 септември, но беше одложен затоа што службеникот за безбедност на претседателот Мишел беше позитивен на коронавирус.