August 8, 2022 17:46
Свет

Самит на Г-20 посветен на зајакнување на здравствените системи ширум светот

Министрите за здравство на земјите-членки на Г-20 денеска во главниот град на Индонезија почнаа низа состаноци за зајакнување на здравствените системи во светот поради пандемијата со Ковид-19.

– На состаноците ќе се разговара за изградба на систем за здравствена безбедност, усогласување на здравствените протоколи поврзани со Ковид-19, стандардизирање на меѓународните патни документи и зајакнување на фармацевтската индустрија, изјави портпаролката на индонезиското Министерство за здравство, Надиа Тармизи.

Таа додаде дека на состаноците ќе учествува и генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус.

– Глобалната соработка е клучна за надминување на оваа пандемија и за подготвеноста за следната. Овој состанок е важен момент за Г-20 бидејќи ќе им овозможи на земјите да обезбедат поддршка за зајакнување на капацитетите на здравствените системи на национално, регионално и глобално ниво, посочи Тармизи.