June 28, 2022 08:12
Економија Македонија

Самит „Македонија 2025″: Регионалната соработка, мирот и инвестирањето во образованието клучни во овие тешки времиња

 Регионалната соработка, одржувањето на мирот и инвестирањето во образованието се трите клучни приоритети на кои треба да се посвети регионот на Западен Балкан во овие тешки времиња, порачаа премиерите на Северна Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ на денешниот Самит во организација на „Македонија 2025″.

Српската премиерка Брнабиќ смета дека доколку се сочува мирот и стабилноста и се зајакне регионалната соработка, се отвора простор за економски раст и се обезбедува просперитет во кризни времиња. Важен приоритет, според Брнабиќ, е и вложувањето во образованието, науката, истражувањето и развојот бидејќи тоа е единствениот начин да се надомести пропуштеното од времето на 90-тите години и од првата деценија на новиот милениум.

– Економијата не е таква големите да ги јадат малите, туку побрзите да ги јадат побавните. Наша шанса е што сме помали и ако погледнете од бизнис перспектива, малите компании се пофлексибилни, побрзо се прилагодуваат на промените и предизвиците и тоа е она што ние можеме да го искористиме. А тоа можеме да го искористиме ако вложуваме во образованието, науката и развојот, истакна Брнабиќ.

За премиерот Ковачевски, трите клучни работи во овие исклучително тешки времиња, предизвикани од здравствената и енергетската криза и војната во Украина, се задржувањето на животниот стандард на граѓаните и на растот на економијата и стратешкото инвестирање во се она во што не е инвестирано во изминатите 30 години.

– Ние сме држави на дисконтинуитет – по менувањето на политичкиот и општествениот систем на уредување и војните кои се водеа на просторот на поранешна Југославија, имавме многу точки на дисконтинуитет. Податоците на животниот стандард кој го имаме во однос на развиените земји, тоа го покажуваат. Затоа клучни се инвестирањето во консолидација на енергетските системи, дигитализација на администрацијата и реформите во образованието особено инвестирањето во струки коишто се потребни на пазарот на труд, рече Ковачевски.

md5 go88 nổ hũ tài xỉu go88 rút tiền go88 lâu

app tải sunwin