October 29, 2020 03:01
Култура

Саемот на книга оваа година го посетија 20.000 посетители кои максимално ги почитуваа сите протоколи

Саемот на книга оваа година го посетија 20.000 посетители кои максимално ги почитуваа сите протоколи за спречување на ширење на коронавирусот. На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ). „Им се заблагодаруваме на сите изложувачи и посетители за доследното почитување на мерките за безбедност во време на пандемија. На некој начин сите помогнаа во одличната и безбедна организација на настанот. Овој концепт на саеми, користејќи ги капацитетите на A1 арена С.Ц. Борис Трајковски – се покажа како успешен, со оглед на комплетната инфраструктура со која располага центарот“. Истовремено најавуваме и организација на други настани и саеми, согласно сите протоколи на организација“– изјави Сања Кондарко – Оперативен директор на Саем на книга.

Саемот е организиран од страна на Глобал Медиа Гроуп, и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како културна манифестација.

Global Media Group e официјален застапник на TIF – Helexpo (Солунски саем) за Република Северна Македонија.