June 19, 2019 03:30
Свет

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето на руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето на руски противракетен систем С-400 во корист на американскиот систем „Патриот“, објави Си-ен-би-си, повикувајќи се на доверливи и добро информирани извори.

„До крајот на првата недела на јуни Турција би требало да го откаже договорот со Русија во вредност на неколку милијарди долари и наместо тоа да купи систем за противракетна одбрана ‘Патриот’ или ќе се соочи со исклучување од програмата Ф-35 на компанијата ‘Локхин Мартин’ со што ќе ги изгуби ветените ловци Ф-35, ќе бидат воведени американски санкции, а можна е и реакција од НАТО“, објави телевизијата.

Според истиот извор, тоа е последен предлог на Стејт департментот за Турција.

Турција претходно соопшти дека нема да се откаже од плановите за купување на С-400 и дека првата серија на системот ќе влезе во земјата во јули.

САД тврдат дека системот С-400 не одговара на стандардите на НАТО. Турција, пак, повеќе пати соопшти дека С-400 не претставува закана за американските авиони Ф-35.

Нови вести

Трамп најави депортација на милиони илегални имигранти од САД

Filip

Трамп најде замена за шефот на Пентагон – Еспер наместо Шенахан

Filip

Помпео: Трамп не сака војна со Иран

Filip