August 19, 2022 14:04
Свет

САД, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија основаа Пацифичка групација

СAД, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Велика Британија формираа неформална група чија цел е зајакнување на економските и дипломатските врски со островските држави на Тихиот Океан, соопшти Белата куќа.

Администрацијата на Бајден вети дека ќе насочи повеќе средства во индо-пацифичката област, бидејќи Кина се обидува да ги зајакне економските и воените врски со островските нации на Тихиот Океан, кои сакаат странски инвестиции.

Групата наречена Партнери во Синиот Пацифик (Partners in the Nlue Pacific -PBP) ќе се обиде да го поддржи пацифичкиот регионализам и да ги зајакне економските врски меѓу остр вите на Тихиот Океан и остатокот од светот.

„Ние сме обединети во нашата заедничка определба да го поддржиме регионот населен со народите на Пацификот. Ние сме, исто така, обединети во начинот на кој ја следиме таа визија – во согласност со принципите на пацифичкиот регионализам, суверенитет, транспарентност, одговорност и, пред се предводени од Пацифичките Острови”, соопшти Белата куќа.

Координаторот на Белата куќа за индо-пацифичкиот регион Курт Кембел изјави дека очекува повеќе високи американски функционери да ги посетат островските држави во Тихиот Океан, додека Вашингтон го засилува својот ангажман за да и се спротивстави на Кина во стратешки важен регион.