June 28, 2022 04:52
Свет

САД формираат Центар за набљудување на конфликтот во Украина

САД најавија формирање центар за набљудување на конфликтот во Украина. Тој ќе располага со почетен буџет од шест милиони долари за „собирање, анализа и ширење докази за воените злосторства извршени од Русија во Украина”.

Новата иницијатива вклучува складирање на јавно достапни информации или комерцијални сателитски податоци кои би можеле да се користат при евентуални процеси за барање оговорност за извршени злосторства, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

– Онлајн платформата ќе ја сподели со јавноста документацијата на центарот за набљудување на конфликтот, со цел да помогне при спречување на напорите на Русија за дезинформација, се додава во соопштението.

go88 iwin GO88 - Tải Go88 Club | Game bài đổi thưởng go88 gold

sunwin máy tính tải sunwin tài xỉu online game bài macao sunwin