December 7, 2022 21:06
Свет

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

Американскиот Стејт департмент не знае за каква било промена во државјанството на Едвард Сноуден, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во врска со информацијата дека Сноуден добил руско државјанство.

Тој додаде дека ставот на Вашингтон по прашањето на поранешниот американски разузнавач не е променет, објави „Ројтерс“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за доделување руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција (НСА) Едвард Сноуден.

Сноуден живее во егзил во Русија од 2013 година, откако објави строго доверливи информации за програмите за следење на американските разузнавачки служби.