March 30, 2020 11:20
Свет

САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Американскиот Стејт департмент денеска распиша награда од 15 милиони американски долари за информација што би довела до апсење или обвинување на разни државјани на Венецуела, меѓу кои е и претседателот Николас Мадуро.

За повеќе западни земји Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела. Вашингтон бара негова смена.

-Департментот нуди награда во висина до 15 милиони долари за информација поврзана со Николас Мадуро, се вели во соопштението.

Одлуката за распишување награда дојде откако Министерството за правда на САД денеска подигна обвиненија за трговија со наркотици против Мадуро и други лица од Венецуеала.