December 9, 2022 23:43
Свет

САД работат на воведување нови санкции за Русија по референдумот во Украина

САД соработуваат со сојузниците и партнерите брзо да наметнат остри економски трошоци за Москва поради „лажните” референдуми што Русија ги одржува во окупираните региони на Украина, се вели во подготвените забелешки од шефот на координацијата за санкции на Стејт департментот на САД.

Џејмс О’Брајан, во сведочењето подготвено за Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека очекува да продолжи темпото на администрацијата на Бајден за објавување санкции кон Русија во просек на секои шест недели. Според него, „ќе има нови пакети”.

„Работиме на повеќе санкции. Се е на маса”, изјави О’Брајан пред комитетот, додавајќи дека Вашингтон ќе се осврне на финансискиот сектор и високата технологија.