Свет

САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбур

На денешен ден во 1941 година Јапонија без објава на војна ја нападна американската поморска база во Перл Харбур на Хаваите, а неколку часа подоцна американскиот претседател Френклин Рузвелт објави дека земјата влегла во Втората светска војна.

Во нападот и беа нанесени огромни загуби на американската морнарица и Јапонија стекна голема предност во првата фаза од војната на Пацификот. Потопени биле речиси сите воени бродови на САД во тој дел на светот, освен носачите на авиони кои тој ден биле на отворено море. На земја биле уништени 178 авиони, загинале 3.303 војници, од кои 2.390 Американци, а 1.272 биле повредени.

Во Перл Харбур синоќа беше одржана свечена комеморација во сеќавање на 58 војници кои загинале на воениот брод Ју-Ес-Ес Јута, бродот кој прв бил погоден во нападот.

За денеска се предвидени уште неколку настани со кои ќе се одбележи 80-годишнината од нападот врз Перл Харбур.

Јапонија на 2 септември 1945 година потпиша капитулација, откако САД фрлија атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки во август, при што загинаа стотици илјади цивили. Со капитулацијата на Јапонија заврши Втората светска војна.

dubbed anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Fairy Tail Episode 170

watch anime free WONDER EGG PRIORITY

dubbed anime SK8 the Infinity (Dub)

free anime ANIMEFLIX Naruto: Shippuden

ANIMEFLIX Black Clover (Dub) Episode 163

tải go88