January 28, 2022 05:49
Свет

САД и Канада ограничуваат патувања од јужноафрикански држави поради новиот сој на Ковид-19

САД соопштија дека ограничуваат патувања од осум јужноафрикански земји поради стравувањата од нова варијанта на Ковид-19 откриена во Јужна Африка. Патувањата ќе бидат главно забранети почнувајќи од понеделник од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави, изјави висок функционер во администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Само американските граѓани и постојаните жители се уште ќе можат да патуваат од осумте земји, додаде официјалниот претставник. „Потегот е спроведен поради претпазливост од новата варијанта на Ковид-19 што циркулира во Јужна Африка”, рече официјалниот претставник.

Министерот за здравство на Канада Жан-Ив Дуклос соопшти дека државата ограничува патувања од седум земји во јужна Африка, регион кој пријави случаи на нова – и можеби позаразна – варијанта на Ковид-19. Почнувајќи од денеска, на сите странски државјани кои патувале од Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото и Мозамбик во последните 14 дена ќе им биде забранет влезот во Канада.

На канадските граѓани и на постојаните жители ќе им биде дозволено да се вратат дома од овие земји, но од нив ќе се бара да ги чекаат резултатите од тестот по пристигнување во хотел.

Доколку тестот е негативен, патниците кои се враќаат ќе бидат во карантин 14 дена дома.

gogoanimeio. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

english anime GoGoAnime DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

GoGoAnime Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 12

SK8 the Infinity

GoGoAnime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 5

GoGoAnime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 8