October 17, 2021 08:39
Свет

САД изгласа закон за финансирање обнова на израелскиот противракетен систем

– Претставничкиот дом на Конгресот на САД со големо мнозинство усвои закон за обезбедување милијарда долари за обновување на израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Гласањето се одржа синоќа, два дена откако оваа ставка беше отстранета од пошироката листа на планови за трошоци, бидејќи некои членови на Демократската партија рекоа дека ќе гласаат против доколку вклучува предлог за издвојување парични фондови за Израел. Израелскиот премиер Нафтали Бенет рече дека гласањето е „силен одговор“ на оние кои ја доведуваат во прашање поддршката на САД за еврејската држава, пренесоа израелските медиуми. „Им благодарам на сите членови на Претставничкиот дом на САД, демократите и републиканците за нивната широка поддршка за Израел и посветеноста кон израелската безбедност“, рече Бенет. Во дебатата што претходеше на гласањето, претставничката на Демократската партија, Рашида Тлаиб, Палестинка од САД, рече дека Израел е „апартхејдска држава“ и дека мора да се разговара за заштитата на Палестинците од израелските напади. Таа смета дека САД мора да се спротивстават на продажбата на оружје на секого и секаде каде што не се почитуваат човековите права. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси рече дека „Железната купола“ е исклучиво одбранбен систем, додавајќи дека усвојувањето на законот со 420 гласа „за“ и девет „против“ го одразува големото единство на Конгресот во однос на израелската безбедност и дека таа помош е од витално значење. „Денес и секој ден, Конгресот поддржува сеопфатен и одржлив мир во регионот и ние се молиме за секој загубен живот од сите страни на конфликтот“, рече Пелоси. „Железната купола“ се смета за клучна за заштита на израелските градови од ракетни напади од Појасот Газа.

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

ANIMEFLIX: Go! Go! 575 anime episode 4 online free at https://animeflix.nl fairy tail animeflix

Twin Signal (Dub) (https://animepahe.cc/m/pQwN) Episode 3

Watch Shin Dokonjou Gaeru: Dokonjou Yumemakura Episode Full

Openstreetmap: https://www.openstreetmap.org/user/animefreakws

Play: https://www.play.fm/gogoanimelol