January 30, 2023 02:21
Свет

САД демантираат дека профитираат од драстично зголемените цени на течниот природен гас што го доставуваат во Европа

Белата куќа ги отфрли обвинувањата дека САД профитираат од драстично зголемените цени на течниот природен гас (LNG) што го доставуваат во Европа.

Претставник на американската администрација синоќа на конференциска врска им рече на новинарите дека обвинението е лажно и дека Вашингтон и доставува ЛНГ на Европа за да и помогне да се подготви за зимата.

Имено, најголемиот дел од ЛНГ од САД се испорачува со долгорочни договори со странски трговски компании, а меѓу нив има и неколку европски компании кои потоа го препродаваат гасот на европските потрошувачи, појасни тој.

Европските земји се борат за снабдување со енергија откако Русија го прекина снабдувањето како одговор на западните санкции поради нејзината инвазија на Украина.

ЛНГ, длабоко замрзнат природен гас под висок притисок што се транспортира со бродови во течна форма, е една алтернатива. Засега повеќето европски земји добиваат ЛНГ од САД.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек неодамна ги обвини земјите извознички на ЛНГ дека ги зголемуваат цените на течниот природен гас по енергетската криза,пренесе Индекс.хр.