October 15, 2019 11:56
Свет

САД го тужат Сноуден поради книгата, бараат конфискација на приходите од продажбата

САД го тужат Едвард Сноуден, кој со објавувањето на тајни документи во 2013 година го откри масовното американско прислушување на комуникации во целиот свет, и бараат конфискација на сите приходи од продажбата на неговата книга која беше објавена вчера.

Министерството за правда на САД соопшти дека вчера е покрената тужба.

Според соопштението, Сноуден ја објавил книгата без претходно да ја достави на преглед, со што ги прекршил договорите потпишани со Националната агенција за безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Во 20 земји вчера почна продажбата на мемоарите на Едвард Сноуден „Permanent Record”, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД и еден од најпознатите информатори и свиркачи.

Во интервјуто за францускиот медиум „Франс Интер”, Сноуден изјави дека заштитата на свиркачите не е „непријателски акт”. Затоа, смета тој, постои можност да се пресели во Франција, каде може да биде под заштита на законот.

Сноуден од 2013 година е во Русија, единствена земја која му даде законски азил откако тој објави информации за програмата за тајно следење креирана од американските тајни служби. Тој побара азил и од поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, и од неколку други земји, но единствена реална можност да се скрие од прогонот на Вашингтон е прибежиштето во Русија.

Нови вести

Големи затворски казни за две жени поради обид за напад врз Нотр Дам

Igor

Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни” санкции поради турската офанзива

Igor

Трамп: 1.000 американски војници остануваат на Блискиот Исток

zane