February 25, 2021 09:18
Свет

САД го осудија апсењето на Навални 

 САД силно го осудуваат апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и бараат негово „безусловно ослободување веднаш”, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

-Со огромна загриженост гледаме дека приведувањето е последно од низата обиди за замолчување на Навални и другите опозиционери и независни активисти, критичари на власта во Русија, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео. 

-Уверени политички лидери не се плашат од гласовите на конкуренцијата, ниту пак вршат насилство против, или противправно ги апсат опонентите. Рускиот народ, како и сите други, заслужува власт која поддржува слободен проток на идеи, транспрантно и одговорно владеење, независно судство и почитување на основните човекови права за изразување и собирање без страв од одмазда. 

САД ја повикуваат руската влада да обезбедни еднакви услови за сите политички партии и кандидати кои сакаат да учествуваат во изборниот процес. 

-Алексеј Навални не е проблемот, бараме негово безусловно ослободување веднаш, истакна Помпео во соопштението.  

Onyx Equinox (Dub) Episode 9 at AnimeHeaven my anime heaven

Your Lie in April Episode 22 at website https://animefreak.ws amine freak tv