January 28, 2020 01:08
Економија

САД ги укинуваат царините за челик и алуминиум од Канада и Мексико

САД одлучија да ги повлечат царините за челик и алуминиум од Канада и Мексико, а тие земји ќе ги повлечат реципрочните мерки што ги наметнаа за американски производи, соопшти АП повикувајќи се на неименувани американски и канадски извори.

Со ваквата одлука би била отстранета главната пречка за влегување во сила на новиот договор, кој ќе го замени Североамериканскиот договор за слободна трговија, наведува американската агенција.

Воедно, се потсетува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година наметна царини од 25 отсто за увоз на челик и од 10 отсто за увоз на алуминиум од Канада и Мексико.

Нови вести

Деспотовски: Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

Igor

Бензините поевтинуваат половина, дизелот и екстра лесното еден денар

Igor

Ангеловска: На новата е-платформа на Централен регистар ќе има и доброволна регистрација за  ДДВ-обврзник

Igor