September 15, 2019 12:16
Свет

САД ги укинаа царините за увоз на челик и алуминиум од Канада и Мексико

Администрацијата на САД одлучи да ги укине царините за увоз на челик и алуминиум од канадско и мексиканско производство, на што се очекува Канада да одговори со укинување на тарифите за некои видови американски стоки.

По ова, канадскиот амбасадор во САД, Дејвид Мекнотон соопшти дека новиот Договор за бесцаринска трговија во Северна Америка (УСМЦА), кој треба го замени постоечкиот договор НАФТА, чии потписници се Канада, САД и Мексико, може да биде ратификуван во јули.

Канада набргу треба да го ратификува новиот договор и САД треба да го сторат истото до крајот на јули, изјави Мекнотон за канадската телевизија Си-Ти-Ви.

Претходно, и канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека Отава е подготвена да го ратификува новиот договор во следните недели.

Нови вести

Трамп и Нетанјаху разговараа за договор за взаемна одбрана

Filip

Во бунар во Мексико пронајдени 44 тела, спакувани во 119 вреќи

Filip

Западноафриканските земји усвоија план за борба против џихадистите

Filip