January 25, 2020 21:52
Свет

САД ги продолжија разговорите со Талибанците во Катар

– САД ги продолжија разговорите со Талибанците во Катар, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор на администрација во Вашингтон.

Преговорите продолжија по три месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло ги прекина дипломатските напори за излегување на државата од најдолгата војна што ја водела – во Авганистан.

„САД се приклучија денеска на разговорите во Доха. Фокусот на дискусијата ќе биде да се намали насилството што ќе доведе до внатрешно-авганистански разговори и прекин на огнот”, објасни изворот кој е запознат со напорите за ставање крај на конфликтот во Авганистан, што трае веќе две децении.

Нови вести

„Смрт на кралот”, „гилотина”: На протестите во Франција се поостри антимакронските пароли

Igor

Ватикан го повика ирачкиот претседател да ги заштити христијаните во таа земја

Igor

Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Igor