November 24, 2020 07:53
Свет

САД: Ги известивме НАТО-сојузниците за распоредените ракети на Кина и Русија

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за контрола на оружјето изјави дека ги информирал сојузниците на НАТО за распоредените нуклеарни ракети на Русија и Кина.

„Продолживме консултации со сојузниците на НАТО за руската и кинеската нуклеарна програма. Ние споделивме податоци за илјадници нуклеарни централи што овие земји ги распоредија на нивните територии. Благодарни сме за поддршката од нашите сојузници”, напиша Маршал Билингс на Твитер.

Портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, претходно изјави дека Соединетите Држави ги ценат напорите на Русија да постигне напредок по прашањето за контрола на нуклеарното оружје.

„Соединетите Држави се подготвени веднаш да се состанат на преговарачката маса и да го потврдат договорот. Очекуваат Русија да ја назначи својата делегација за преговори”, рече Ортагус, пренесе ТАСС.