January 18, 2021 04:27
Свет

САД воведoa санкции против три руски компании

Американскиот Стејт департмент воведе санкции против три руски компании поради нарушување на Законот за неширење оружје за масовно унништување во однос на Иран, Северна Кореја и Сирија. 

Се работи за компаниите „Авиазапчаст”, „Нилка груп” и „Елекон”, првите две од Москва, последната од Казан. Одлуката стапила во сила на 6 ноември, се вели на сајтот на Федералниот регистер на САД. Документот за санкции официјално ќе биде објавен утре. 

Актуелниот Закон за неширење оружје налага забрани за предавање на технологии за создавање атомско, хемиско и биолошко оружје на Иран, Северна Кореја и Сирија, вклучително и логистика за нивни превоз. 

Ограничувањата предвидуваат забрана на склучување договори со компании од списокот санкции и продажба на муниција, укажани во Законот за контрола на извоз на вооружување, исто така и забрана за учество на тие компании во програмите за помош на владата на САД. Покрај тоа, ним не им се даваат лиценци и стоки чиј експорт е регулиран со Законот за рефрома на контролата на извозот од 2018 година.