June 16, 2021 16:09
Свет

САД би можеле повлечените војници од Авганистан да ги распоредат во Узбекистан и Таџикистан

САД размислуваат за распоредување на своите војници повлечени од Авганистан во земјите од Централна Азија, особено Узбекистан и Таџикистан, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на сопствени извори.

Според нив, по повлекувањето на војниците од Авганистан, Вашингтон размислува да ги распореди во други земји, како „поддршка на авганистанската Влада, контрола на активностите на талибанските бунтовници и следење на други екстремисти”.

Узбекистан и Таџикистан, кои граничат со Авганистан, се сметаат за најсоодветни опции од географска гледна точка.

– Сепак, големото воено присуство на Русија во регионот, растечкото влијание на Кина и тензиите во односите со Вашингтон ги усложнуваат плановите за (воспоставување) бази во Централна Азија, пишува весникот.

Извори на „Волстрит журнал” истакнуваат дека раководството на САД сè уште не упатило официјални барања за формирање воени бази на територијата на овие земји. Истовремено, повлекувањето на американските трупи од Авганистан, според извори на весникот, би можело да заврши пред предвидениот рок до јули.

Доколку не може да се постигне договор за распоредување на американската војска на територијата која граничи со Авганистан, американското раководство ќе биде подготвено да размисли за нивно пренесување во земјите од Персискиот Залив, пишува весникот. Освен тоа, се разгледува и резервна опција за распоредување на носач на авиони во регионот, што ќе овозможи извршување операции за кратко време, вклучително и за заштита на американската амбасада во Кабул. Весникот потсетува дека во 2001 година американски војници беа распоредени во бази во Киргистан и Узбекистан, но целосно ги напуштија во 2005, односно 2014 година.

KissAnime kissanime boku no hero: One Piece (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/Og2) Episode 693

AnimeDao animedao tower of god: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://animedao.nl/m/Y116) Episode 12