October 1, 2020 12:13
Свет

САД бараат Либиската нафтена компанија под итно да ја обнови испораката на нафта

Либиската Национална нафтена корпорација (НОЦ) под итно треба да го обнови досегашниот режим на испорака  на нафта, соопшти американската Амбасада во Либија.

„Длабоко сме загрижени од фактот дека намалувањето на испораките на нафта од Националната нафтена корпорација се заканува да ја продлабочи вонредната хуманитарна ситуација во Либија и да предизвика дополнителни неоправдани страдања на либиското население”, напиша на Твитер американското дипломатско претставништво.

Во деновите на викендот либиската Национална нафтена корпорација информира за вонредната состојба во врска со запрениот извоз на нафта од пет клучни пристаништа на земјата. Од лиферуваната информација се заклучи дека таквата наредба ја дал командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар.

Од корпорацијата забележуваат дека делумниот прекин на испораките на нафта ќе доведе до намалување на извозот за 800. 000 барела дневно, што е реална загуба од 55 милиони долари.