January 23, 2020 08:47
Балкан

„Сабиха Ѓокчен” во Истанбул избран за „Аеродром на годината”

Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул е избран за „Најдобар аеродром на годината” од страна на Азиско-Пацифичкиот авијациски центар (САРА), која е една од водечките светски воздухопловни организации.

Генералниот директор на аеродромот Ерсел Горал ја доби наградата на церемонија организирана за време на меѓународната средба на високо ниво на САРА на Малта.

– За нас претставува огромна чест да ја добиеме оваа награда од САРА. Тоа е признание за нашата забележителна историја на раст и развој, истакна Горал.

Тој нагласи дека добивањето на оваа награда се совпаѓа со 10-годишнината од отворањето на новиот терминал на аеродромот, со кој воздушниот сообраќај се зголемил над шест пати и сега опслужува повеќе од 200 милиони патници.

Нови вести

Хрватска сè повеќе потпаѓа под руско влијание

Valentina

Гренел до Тачи: Прогресот во односите со Србија подразбира укинување на таксата

Valentina

Десетици жртви на трговија со луѓе спасени во операција на Интерпол на Балканот

Valentina