Свет

Рјабков: „Газпром” ги зголемува испораките на гас за Европа од сопствените резерви

„Газпром” посегна од своите резерви за да го зголеми снабдувањето со природен гас преку гасоводната мрежа и да ги стабилизира цените, изјави во вторникот владин претставник на Москва.

Рускиот заменик -министер за финансии, Сергеј Рјабков, во интервју за Би -Би -Си ги отфрли тврдењата дека Русија ги прекина испораките на европскиот пазар каде што цените на електричната енергија и гасот драстично се зголемија поради недоволната понуда и силната побарувачка паралелно со закрепнувањето на економијата од пандемијата.

-Ја поддржуваме енергетската безбедност на Европа, сакаме да соработуваме … „Газпром” всушност почна да пумпа гас од своите резерви и да го испраќа до цевководите за да го стабилизира пазарот, рече Рјабков за емисијата „Тешки разговори” на Би -Би -Си, без да даде детали.

Британските медиуми, повикувајќи се на податоците на „Газ инфраструктура Европа”, пренесоа дека „Газпром” на 7 октомври испумпал гас од магацинот во Хаидах, во Австрија, откако цената на гасот скокна на рекордно високо ниво.

-Се обидуваме, смислено, смирено, разумно, да ја стабилизираме ситуацијата. Не е во наш интерес да предизвикаме уште поголем хаос, изјави Рјабков за Би -Би -Си.

Група европратеници побараа од Европската комисија да ја испита улогата на „Газпром” во зголемувањето на цената на бензинот, тврдејќи дека руските компании се осомничени дека манипулирале со пазарот поради нивното однесување, потсетуваат британските медиуми.

Парламентарците, исто така, се сомневаат дека компанијата сака да изврши притисок врз Европа да се согласи на претстојното отворање на гасоводот „Северен тек 2″, што треба рускиот гас да го доставува до Германија.

-За нас би било подобро доколку цените на европскиот пазар паднат, нагласи рускиот функционер во интервју за Би -Би -Си.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

stream anime online Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

anime to watch AnimeDao High School DxD

watch anime dub WONDER EGG PRIORITY

online anime AnimeDao My Hero Academia Season 3 (Dub)

JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 18

tải go88