October 29, 2020 11:12
Спорт

РФМ ја стави во мирување и Б групата од машката суперлигашка конкуренција

Ракометната федерација на Македонија по А групата одлучи да ја стави во мирување и групата Б во машката суперлигашка конкуренција поради појавата на коронавирус меѓу играчите од екипите кои настапуваат во ова лигашко натпреаврување.

-Согласно добиените информации од учесниците во домашното првенство во ситем на натпревари во машка Супер лига (Група Б) сезона 2020/2021 година, за следење на здравствената состојба на играчите и стручниот штаб, по сугестија од надлежните државни органи како и согласно општите превентивни мерки за спречување и ширење на ковид-19 и протоколите кои произлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување и ширење на ковид-19, Ве информираме дека системот на натпреварување од Група Б во која се натпреваруваат: РК Бутел, РК Металург, РК Работнички, РК Младост, РК Прилеп, РК Еурофарм Пелистер 2 и ГРК Тиквеш е ставен во мирување од 15 дена“, стои во соопштението на РФМ испратено до клубовите.
Од РФМ најавија дека ќе биде организирано тестирање за ракометарите пред да почне повторно да се игра ракомет.
РФМ го одложи и почетокот на Првата лига која требаше да стартува викендов. Нов датум за почеток на сезоната прволигашките екипи ќе добијат следниве денови.