January 22, 2020 20:50
Македонија

Руте: С. Македонија е блиску до старт на преговорите, Албанија не е подготвена

 Холандија не е против проширувањето на ЕУ и смета дека Северна Македонија е блиску до започнување на преговорите за членство, но оти Албанија се уште не е подготвена за страт на преговорите, изјави холандскиот премиер Марк Руте за подгоричка „Побједа”.

– Не веруваме дека Албанија во моментов е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ. Што се однесува до Северна Македонија таа е поблиску до таа цел, вели Руте.

Тој посочува дека на состанокот на Европскиот совет во Брисел и покрај ваквата констатација за подготвеноста на двете земји, некои членки на Унијата не се согласиле процесот да биде раздвоен.

– За разлика од нив, одделни земји сакаа раздвојување и затоа на последниот Европски совет немаше одлука за прашањето за отворање преговори со овие две земји, изјави Руте.

Прашан дали 2025 година е реален рок за прием на некоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ, холандскиот премиер вели дека одредувањето крајни датуми не е цел сама по себе и оти најважно е да бидат исполнети условите.

– Немаме ништо против проширувањето на ЕУ, но мораме да се погрижиме да ги почитуваме правилата и целиот процес да биде строг и чесен. Тоа е нашата позиција, изјави Марк Руте за подгоричка „Побједа”.

Нови вести

Макрадули од трибината Агенда Воздух 20-24: Преземаме одговорност, до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува

Filip

Џафери на трибината Агенда Воздух 20-24: Правната држава е клучна во одбраната на здравата животна средина

Filip

Шукова на трибината Агенда Воздух 20-24: Воведуваме 24 часовен инспекциски надзор на загадувачите, ги зајакнуваме инспекторатите за животна средина

Filip