December 10, 2022 07:40
Македонија

Рустеми: Се очекуваат 60 милиони евра од наплата на патарините

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека се очекуваат 60 милиони евра од наплата на патарините.

„Во споредба со 2020 година, во 2021 година имавме 12 милиони евра повеќе наплата од патарините. Во 2022 години, споредбено со истиот период лани имаме 3,5 милиони повеќе“, вели Рустеми.