September 23, 2019 07:28
Македонија

Рустеми немал притисоци од Јанева што да каже за „Рекет“

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми по исказот даден во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на новинарите им изјави дека немал притисоци од шефицата Катица јанева за тоа што да каже пред обвинителката Вилма Русковска.

– Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет” во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка”, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше Обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка”, изјави Рустеми.

Во однос на новинарското прашање дали Јанева на состанокот кој се одржал во понеделникот им за заканила , Рустеми само одговори дека бил неформално “кафе пиење” и не чувствувал сериозно влијание за неговиот исказ денеска и доколку имало влијаење тоа ќе го пријавел.

Прашан зошто претходно не пријавиле доколку имале несогласувања, Рустеми само кратко рече дека летово немало такво барање.

Рустеми е трет обвинител од СЈО, што е сослушан за случајот „Рекет”, откако од почетокот на неделата беа сослушани неговите колешки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова.

Нови вести

КОД ТЕЛМА: И судии и адвокати спомнати во исказите за рекетот, може да завршат на распит кај Русковска

Filip

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip