August 11, 2020 00:29
Македонија

Рускоска и Кацарска ќе го тужат ВМРО-ДПМНЕ за предизборниот спот, опозицијата не е изненадена од реакциите

Рускоска се заканила со тужба, Кацарска вели дека ВМРО-ДПМНЕ си прави штета на партијата. Новиот ТВ спот на ВМРО-ДПМНЕ го разбранува врвот на македонското правосудство.
Рускоска потврди дека веќе испратила опомена пред тужба во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вели дека недозволиво е обвинител да се става во предизборна кампања. Додава дека не и е јасно зошто нејзиното име ВМРО-ДПМНЕ го става во негативна конотација, потенцирајќи дека била првиот обвинител што отворил предмет против висок функционер на СДСМ алудирајќи на Фросина Ременски.
Со став се јави и Кацарска. Таа вели дека била еден од најдобрите судии коментирајќи дека со овој спот, ВМРО-ДПМНЕ си прави само штета на партијата.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека не очекуваат нивните спотови да им се допаднат на Рускоска и Кацарска бидејќи тие ја отсликуваат вистината во Македонија.
Од партијата велат дека Рускоска молчи и не отвора предмети по информациите дека Рашкоски и Заев примиле 300.000 евра, ниту пак за снимките во кои се слуша како братот на судијката Димишкова како бара 6 милиони евра за да смени судска одлука. Од ВМРО-ДПМНЕ потестуваат дека се уште нема обвинение иако сите видоа како Дончев става кеш пари во својата ташна.
„Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името „Вилма“ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев. Во однос на спотот сите совпаѓања со спотот на ВМРО-ДПМНЕ се случајни, освен оние кои не се!
А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа ќе се реформира по 15 јули.“ – стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземено од sitel