July 12, 2020 14:19
Македонија

Русковска: Oбвинение за случајот „Рекет 2“ може да се очекува на почетокот на јануари

Oбвинение за случајот „Рекет 2“ може да се очекува на почетокот на јануари, најави денеска обвинителката Вилма Русковска, пред да се вклучи во aкцијата за чистење.

„Се надевам на почетокот на јануари“, одговори Русковска на прашањето кога може да се очекува обвинение за случајот со работата на невладината организација Меѓународен сојуз.

Во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, осомничени се Меѓународниот сојуз, како правно лице, и пет физички лица: претседателот на невладината Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузот Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски. Русковска рече дека истрагата за Меѓународниот сојуз привршува, а вчера и во четвртокот одбраната правела увид во доказите. „Од понеделник ќе почнат со давање искази“, кажа обвинителката.